Дома Фудбал Само половина час траеше состанокот помеѓу Куман и Лапорта – што е договорено?

Само половина час траеше состанокот помеѓу Куман и Лапорта – што е договорено?

Холандскиот тренер Роналд Куман одржа состанок со претседателот на клубот Лапорта.

Куман синоќа пристигна во просториите на Камп Ноу каде се сретна со Лапорта, а тема на состанокот беше судбината на холандскиот стручњак во клубот после лошата сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Новинарите беа таму со надеж дека на крајот ќе биде соопштено што е договорено, но тоа не се случи, а разговорите ќе продолжат и во следните неколку дена.

Куман има уште една година од договорот со Барселона и сака да знае дали Лапорта верува во него и дали ќе застане зад него. Во случај да нема целосна поддршка, Куман е подготвен да постигне договор за раскинување на договорот.

Некои добро упатени каталонски новинари тврдат дека големи се шансите Куман да остане тренер и следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Што се случува со Гвардиола? Само исчезна…

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не се појави на прес-конференцијата пред нивна…