Дома Фудбал Останато Само еден ден по оставката: Зидан добил понуда од Премиер лигата!

Само еден ден по оставката: Зидан добил понуда од Премиер лигата!

Само еден ден откако ја напушти клупата на шампионот на Европа, францускиот стратег добил понуда од Премиер лигата.

Иако утрово се појави вест и дека Роман Абрамович е спремен да го продаде Челзи, сепак засега тоа е само во рамките на медиумските гласини, ништо не е потврдено.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Британските медиуми пишуваат дека Абрамович работи на пронаоѓање на идеален кандидат за клупата на Челзи и наводно веќе го контактирал – Зидан!

Челзи подолго време води преговори со Маурицио Сари, но сега тие преговори се прекинати поради оставката на Зидан.

„Сините“ во овој момент се уште имаат менаџер, тоа е Антонио Конте, но никој во Англија не му дава ниту најмали шанси дека таму ќе биде и на почетокот на следната сезона.

Сепак, прашање е колку Зидан ќе има желба да го превземе Челзи, посебно поради изјавата на вчерашната конференција дека одреден период сака да одмори и да биде без ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака Камавинга

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга. Ру…