18 од 20 клубови во Серија А се сложија Јувентус и Интер да играат на 9. март во понеделник, но два клуба го блокираат тој потег.
Одлуката да се одложи тој натпревар поради страв од заразниот коронавирус крена голема прашина во Италија. Раководството на Серија се обидува да пронајде нов датум.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако на крајот одлучено е големото дерби да се игра во понеделнк на 9. март, Интер и Наполи гласале против, додека 18 клубови го поддржаа тој термин.
Утре ќе има нов состанок со клубовите и на тој ќе се разговара за она што треба понатаму да е направи.
Во Италија денес бројката на заразени од корона е 2036, додека смртно настрадаа 52 лица.