Мохамед Салах конечно проговори за дуелот со Серхио Рамос од финалето во Лигата на шампиони кое се играше на 26-ти мај.
Салах се повреди после еден дуел со капитенот на Реал Мадрид, а потоа цел свет го нападна Рамос дека намерно ја повредил ѕвездата на Ливерпул.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според Рамос, Салах можел да го доигра мечот со подобра преврска на рамото и со самото тоа остави простор да се размислува дека Египќанецот самостојно одлучил предвреме да го заврши финалето.
„Што да ви кажам на такво нешто, можам само да се насмеам, претпоставувам дека прво ме расплака, па сега се обидува да ме насмее“, изјави Салах.
„Ми прати порака по натпреварот, но никогаш не му одговорив дека е ок. Можеби и би можел да ми открие, бидејќи знае многу, дали ќе бидам подготвен за Мундијалот? Тоа беше најлош момент во мојата кариера. Кога паднав, веднаш покрај болката се јави и бес и тага. Најпрво бидејќи не можев да го продолжам финалето, а второ поради Мундијалот“, додаде Египќанецот.
Салах не е сигурен дали ќе биде подготвен за првиот натпревар на СП во Русија, што Египет го игра на 15 јуни против Уругвај.