Дома Фудбал Италија „Сакам Лацио да го освои Скудетото пред Јувентус, а потоа ние да ги елиминираме од ЛШ“

„Сакам Лацио да го освои Скудетото пред Јувентус, а потоа ние да ги елиминираме од ЛШ“

УЕФА планира сезоната во Лигата на шампионите да ја заврши во август, а елитното натпреварување според најавите би требало да продолжи со реваншите од осминафиналето на 7 и 8 август.

Еден од реванш натпреварите кои би требало да биде одигран е оној помеѓу Јувентус и Лион на „Алијанц стадионот“ во Торино.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот тим во првиот натпревар победи со 1:0 и се надева дека ќе го исфрли италијанскиот гигант од Лигата на шампионите. Инаку, Лигата на шампионите е единственото натпреварување во кое ќе игра Лион до крајот на сезоната после прекинот на лигата и купот во Франција.

Лион поради одлуката за предвремениот прекин остана без пласман во европските натпреварувања наредната сезона. Во Лион се надеваат дека ќе го елиминираат Јувентус и ќе му зададат тежок удар.

За тоа зборуваше кондициониот тренер во францускиот тим, Паоло Ронгони кој поодамна работеше во Лацио и Рома.

„Се надевам на сценарио во кое Лацио ќе им го земе Скудетото, а потоа ние ќе им зададеме тежок удар со елиминација од Лигата на шампионите“, изјави Ронгони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…