Алиу Сисе, селекторот на репрезентацијата на Сенегал го објави списокот со 23 имиња на играчи кои ќе заминат во Русија во обид и како тренер да дојде до успехот кој во 2002. го забележа како играч кога Сенегал играше четвртфинале на СП.
Меѓу играчите на кои Сисе ќе смета на Мундијалот се и Садио Мане од Ливерпул, Калибали од Наполи и Чику Кујате од Вест Хем. Сисе на списокот ги стави и Кеита Балде од Монако и Кара Мбоџија од Андерлехт
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Играчите кои се на списокот пред се го претставуваат континентот и кохерентноста. За мене најважно е да ја задржиме оваа позитивна динамика која ја имаме.“ – изјави Сисе на конференцијата за медиумите.
Сенегал на СП во Русија ќе се натпреварува во групата Х со Полска, Јапонија и Колумбија. Пред Мундијалот Сенегал ќе одигра пријателски натпревари со Луксембург и Хрватска. Садио Мане на припремите ќе се придружи дури после предвидениот рок за одмор после финалето во ЛШ на 26 мај.
Еве го целиот список на играчи:
Here’s the @FootballSenegal 23 for the @FIFAWorldCup
Sign of the Teranga Lions’ strength in depth that the likes of Khouma Babacar, Younousse Sankhare, Armand Traore, Henri Saivet and Papy Djolibodji have all been overlooked.https://t.co/ckB8iiRLaa pic.twitter.com/oFouHADkOs
— Ed Dove (@EddyDove) May 17, 2018