Дома Фудбал Арсенал се вклучува во битката за Геи

Арсенал се вклучува во битката за Геи

Арсенал ќе се вклучи во трката за капитенот на Кристал Палас Марк Геи, тврди “Мирор”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на англискиот репрезентативец со “орлите” истекува летово и менаџерот на тимот Оливер Гласнер призна дека клубот е подготвен да го продаде уште овој месец, ако добие соодветна понуда. Последните денови се шпекулира дека Манчестер Сити ќе даде таква понуда, која би можела да биде околу 30 милиони фунти.

Ливерпул постигна договор со Палас за привлекувањето на Геи на последниот ден од летниот трансфер период, кој изнесуваше 35 милиони фунти плус пет милиони во форма на бонуси. Меѓутоа, лондонскиот тим се повлече во последен момент. Мерсисајдци продолжуваат да го посакуваат англискиот репрезентативец и се активизираа последниве денови, иако претходно се тврдеше дека ќе чекаат до летото.

Според “Мирор”, сè уште не е јасно дали и Арсенал ќе даде понуда во јануари или ќе чекаат евентуално наддавање летово, ако Геи го исполни договорот со Палас. Одбранбениот играч може исто така да одлучи да си замине како слободен агент, бидејќи тогаш би можел да бара многу поволен личен договор.

Изданието тврди дека Кристал Палас повторно ќе бара за Геи околу 40 милиони фунти.

Бајерн Минхен и Реал Мадрид исто така се заинтересирани за Геи, но нема да дадат понуда сега, туку ќе се надеваат да ја добијат летната битка за одбранбениот играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешната ѕвезда на Бундеслигата поради семејни трагедии се оддалечи од фудбалот: Ова беше ужасна година…

Поранешниот словенечки репрезентативец и некогашна ѕвезда на Бундеслигата, Кевин Кампл (35…