
Интер се подготвени да го привлечат 18-годишниот Робинхо Јуниор од Сантос, тврди UOL Esporte. Тој е син на некогашната ѕвезда на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан Робинхо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите, “нероазурите” засега немаат поднесено официјална понуда до клубот на Нејмар, но предвиделе за неговиот соиграч околу 22 милиони евра, од кои тврдата сума е 18 милиони.
Робинхо-младиот дури ја посетил базата на клубот за време на божиќните празници, кога патувал до Италија. Засега талентираниот Бразилец не брза да го напушти својот матичен клуб, но можно е да дојде до трансферот летово.
Тинејџерот може да игра на различни позиции во нападот и се користи главно како лево крило. До сега има одиграно 15 натпревари за првиот состав на Сантос со само една асистенција, но во речиси сите натпревари влегувал како замена.