Ракометната федерација на Македонија донесе одлука да го исфрли РК Аеродром од Суперлигата.
РК Аеродром мораше да ја исполни законската обврска на сите клубови да се пререгистриа во акционерско друштво, а кога тоа не го направи „Куќата на ракометот“ донесе одлука за исклучување.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Одлуката е потврдена во билтенот на РФМ.
,Согласно доставената информација и известување од страна на Комисијата за лиценцирање при Ракометна Федерација на Македонија, во врска со постапката за финализирање на административните формалности за процесот на трансформација на Здружението на граѓани Ракометен Клуб Аеродром во трговско односно акционерско друштво, на состанокот одржан на ден 12.02.2024 година се констатираше дека Здружението на граѓани Ракометен Клуб Аеродром ја нема исполнето законската обврска за трансформација на спортскиот субјект од здружение во трговско односно акционерско друштво согласно Законот за спорт член 6-а и член 9-а”, стои во билтенот на РФМ.
Сите екипи до крајот на сезоната во плеј-офот за натпреварите со Аеродром ќе добијат служени победи со по 10:0.