Фудбалскиот свет е потресен од ненадејната смрт на 22 годишниот фудбалер на Локомотив Москва, Инокентиј Самохвалов.
Младиот фудбалер почина во својот дом за време на индивидуален тренинг, најверојатно од срцев удар.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Меѓутоа, сега е објавена снимка од текот на тренингот кој Самохвалов го одработи еден ден пред да почине. Тоа видео беше поставено на познатата страница „433“ на Инстаграм, која објавува интересни снимки од светот на фудбалот.
Фудбалерот се снимал како жонглира со детска топка за кошарка и потоа со нога го погодува кошот додека на снимката се гледа и неговиот син кој потоа аплаудира.