После две години во МЛС, Ибрахимовиќ денес и официјално се збогува со ЛА Галакси и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Европа.
Со оглед на фактот што Ибрахимовиќ моментално е слободен агент, многу клубови се заинтересирани за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпекулациите околку неговата иднина се големи, Ибра се поврзува со голем број на екипи, а денес со интересна објава на Твитер се огласи и рускиот тим Зенит.
На својот официјален Твитер профил, тимот од Сент Петерсбург сподели објава со наслов „Каде ќе оди Златан“ и со интересно „смајли“ предизвикаа лавина од шпекулации дека Швеѓанецот може кариерата да ја продолжи во Русија.
Сепак, најголеми се шансите Ибра кариерата да ја продолжи во Серија А, каде интерес за него покажуваат Милан, Наполи и Болоња.
— FC Zenit in English? (@fczenit_en) November 14, 2019