Дома Останати Русија се пласираше во финалето во хокеј на ЗОИ

Русија се пласираше во финалето во хокеј на ЗОИ

Aктуелниот олимписки шампион, хокеарската репрезентација на Русија се пласираше во финалето на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Русија денес на пенали ја победи Шведска со 2:1 и така се пласираше во финалниот натпревар. Во тесен и неизвесен натпревар Русија поведе со голот на Антон Слепишев, а изедначи Антон Ландер. Одлучувачкиот гол во изведувањето на пенали го постигна Арсени Грицук.


Во финалето во недела Русија ќе игра против Финска која ја победи Словачка со 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…