
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, бил бесен на своите фудбалери на утринскиот состанок по разочарувачкиот настап, пренесуваат шпанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Германскиот стратег остро им замерил на играчите дека настапиле без душа, без вистински натпреварувачки дух и без потребната интензивност. Според информациите, Флик им порачал дека недостигале желба, агресивност и вистинска глад за победа – нешто што е недозволиво за тим кој има шампионски амбиции.
Тој потенцирал дека прикажаната игра не била достојна за освојување трофеи и дека вакви изданија нема да се толерираат. Јасно ставил до знаење дека очекува значително подобрување во следните натпревари.
Пораката од Флик била директна и недвосмислена – ако сакаат успеси, мора да покажат повеќе карактер, енергија и одговорност на теренот.