На 26 ноември (петок) ќе се одржи ждрепката за баражот за Мундијалот во Катар од кој дел ќе биде и Македонија.
Русија е еден од можните противници на Македонија затоа што оваа репрезентација заедно со уште Италија, Португалија, Шведска, Шкотска и Велс е во групата на носители. Во дел од земјите веќе се прават првите анализи за посакуваните противници.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Така рускиот портал „Шампионат“ анализира дека за нив Македонија е најпосакуваниот противник, а потоа посакуваат финале со Шкотска, тоа би било нивното идеално сценарио. Во анализата посочуваат дека Македонија е 74. ФИФА ранг листата и потсетуваат дека со нив сме играле четири пати во кои тие имаат четири победи со гол разлика 7:0. Во текстоит се додаваат нашите резултати од квалификациите и Европското првенство.
Посакуваат во второто полуфинале од за нив можните противници да биде Шкотска – Турција и да слават Шкотите. Од групата на неносители најмалку ја посакуваат Полска.
Нивната цела анализа можете да ја прочитате – тука.