Дома Фудбал Италија Русин од Аталанта постигна гол, па се извинуваше

Русин од Аталанта постигна гол, па се извинуваше

Аталанта синоќа ја растури Сампдорија со 4-0 и ја продолжи битката за борба во Лигата на шампиони (ЛШ), а натпреварот го одбележа и реакцијата на Алексеј Миранчук во завршницата од мечот.

Марио Пашалиќ постигна гол за водство во шестата минута, а потоа Компмајнерс даде два, по што победата ја потврди Миранчук во 86. минута, и тоа во стилот на Лионел Меси.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Русинот од голема почит кон украинскиот народ, кој е под руска инвазија, реши да не го слави голот и покажа дека е загрижен и несреќен поради случувањата.

Миранчук припаѓа на делот од Русите, кои не се сложуваат со претседателот Владимир Путин и ги осудуваат неговите потези, како што е испраќањето на руска војска во Украина на специјална мисија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити пронајде замена за Гундоган: Гвардиола го сака еден од најдобрите фудбалери за врска

Манчестер Сити најде замена за германскиот фудбалерот од средниот ред Илкај Гундоган кој и…