Легендата на англискиот и европскиот фудбал, Вејн Руни даде своја прогноза пред почетокот на Европското првенство.
Руни го избра својот фаворит и тоа не е репрезентацијата на Англија. Тој верува дека Франција ќе биде нов шампион на Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Франција е без конкуренција. И индивидуално и како тим. Mбапе, Канте, Бензема, Гризман, Погба, Варан, Лорис. Да замрзнете кога ќе ги прочитате тие имиња. На тоа додадете го фактот дека тие се актуелни светски шампиони и јасно ви е дека тешко дека можете да ги загрозите. Од оваа перспектива, не гледам кој тим би можел да ги победи“, изјави Руни.
„Англија е секако е една од четирите репрезентации кои се во кругот да го освојат Европското првенство. Тука се уште Португалија и Белгија, но мој апсолутен фаворит е Франција“, додаде Руни.