Дома Трансфер зона Руни објасни зошто не го сака Суарез во својот тим

Руни објасни зошто не го сака Суарез во својот тим

Поранешниот напаѓач на англиската репрезентација и Манчестер Јунајтед, Вејн Руни (36) неодамна и официјално стана нов тренер на Ди-Си Јунајтед.

Неговата цел е да доведе играчи кои ќе го подигнат квалитетот на тимот. Луис Суарез се поврзуваше со овој тим, меѓутоа Руни објасни зошто нема да го доведе. Суарез по заминувањето од Атлетико Мадрид е во потрага по нов клуб каде што би пристигнал како слободен агент.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Многу го ценам Суарез, тој е неверојатен играч, но сакам гладни играчи. Сакам играчи кои сакаат да дојдат и имаат многу што да дадат, дури и на тренинзите. Напорно работиме да откриеме такви профили на играчи и сигурен сум дека наскоро ќе потврдиме некои засилувања“, изјави Руни.

Суарез беше одличен во својата прва сезона за Атлетико во која постигна 21 гол на 32 лигашки натпревари. Во второто постигна 11 на 35 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…