Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни даде свое мислење за трансфер сагата со Хари Кејн кој се поврзува со Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.
Договорот на Кејн со Тотенхем има важност од уште една година. Баерн изгледа како да е најконкретен и веќе испратија две понуди беа одбиени, последната беше вредна 70 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Свој коментар сега даде и Руни.
„За Кејн би било идеално да се пресели во Манчстер Јунајтед. Сепак, мене ми изгледа како да е затвореник на Тотенхем, тешко дека ќе замине“, изјави Руни.
Со Кејн во своите редови, за Јунајтед драстично би се зголемиле шансите за победи и трофеи.
„Ако Јунајтед го имае Кејн, нивните шанси за титулата драстично ќе се зголемат. Останува да видиме дали тоа ќе се случи“, смета екс-напаѓачот на „црвените ѓаволи“.