Дома Фудбал Франција Руни за однесувањето на Мбапе: Нека го потсети некој дека Меси на 22 години имаше четири златни топки…

Руни за однесувањето на Мбапе: Нека го потсети некој дека Меси на 22 години имаше четири златни топки…

Однесувањето на Мбапе на натпреварот помеѓу ПСЖ и Монпелје беше причина младиот фудбалер да добие голем број критики од фудбалската јавност.

Навивачите на ПСЖ се разочарани и не можат да веруваат дека така се однесува играчот за кој клубот направи се за тој да остане.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Легендарниот Вејн Руни не може да верува дека Мбапе покажал огромен егоизам и арогантност, посебно кон Лионел Меси кого го турна со рамо сакајќи да го земе изведувањето на пеналот од Нејмар.

„Играч од 22-23 години го турка Меси…Никогаш не сум видел поголемо его. Некој нека го потсети Мбапе дека Меси на 22 години имаше четири „Златни топки““, гласи пораката на легендата на Манчестер Јунајтед.

Во изминатите пет години Мбапе одигра 218 натпревари и постигна 172 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…