
Германскиот дефанзивец Антонио Рудигер потврди дека си заминува од Челзи и од следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, но притоа откри и за што најмногу жали пред заминувањето од Лондон.




Рудигер потврди дека ќе се пресели во „кралскиот клуб“ по завршување на соработката со Челзи, а притоа кажа дека е нервозен затоа што си заминува од Челси без трофеј на крајот на сезоната.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Германецот ја освои Лигата на шампиони, Лига Европа, Светско клупско првенство и други трофеи, но сакаше да го земе и ФА-купот оваа година, но сепак Челси загуби од Ливерпул на пенали.




„Ова беа пет години со падови и успеси, но има многу позитивни работи. Жал ми е што крајот не е поразличен“, кажа Рудигер.