Дома Фудбал Германија Ројс обвинува: Ако тоа беше за Баерн прекршок сигурно ќе се досудеше

Ројс обвинува: Ако тоа беше за Баерн прекршок сигурно ќе се досудеше

Капитенот на Борусија Дортмунд смета дека судењето во вчерашнот дерби во Минхен било наклонето кон Баерн.

Борусија водеше со 2:0 после девет минути во Минхен, но на крајот беше поразена со 4:2.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ројс по натпреварот зборуваше за моментот кога Лерој Сане беше во дуел со Емре Чан. Во таа акција Баерн стигна до гол и водство од 3:2. Ројс смета дека пред да биде постигнат голот имало прекршок на другата страна.

„Имаше очигледен прекршок. Ако се случеше тоа за Баерн сигурно ќе досудеше прекршок. Убеден сум дека ќе беше така“, изјави Ројс.
Со оваа победа Баерн на првото место има 55 бодови. Втор е Лајпциг со два бода помалку, Борусија е дури шеста со 39 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Повеќе нема трпение: Ѕвездата на Реал Мадрид на трансфер листа!

Како што пренесуваат шпанските медиуми, управата на Реал Мадрид реши во следниот преоден р…