Тренерот на „росонерите“, Виченцо Монтела, за натпреварот од квалификациите за Лигата на Европа не ќе може да смета на двете големи засилувања.
Милан како што е познато ова лето направи вистинска реконструкција на тимот од минатата сезона, но се појави проблеми при регистрацијата на одличниот дефанзивец кој пристигна од Јувентус, Леонардо Бонучи и Лукас Биља кој во Милан пристигна од редовите на Лацио.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Споменатите двајца фудбалери немаат право за настап во вечерашниот натпревар, против романскиот претставник, Крајова, тоа беше потврдено и од Марко Фасоне. Имено, трансферите сеуште не се во целост исплатени, па УЕФА го стопираше регистрирањето на овие фудбалери за натпреварот кој Милан ќе го игра во Романија.
„Милан сака да ги увери сите навивачите дека на 11 август и двата трансфери ќе бидат исплатени“, изјави Фасоне.
Серија А започнува на 19 август, клубот од Милано првиот натпревар го игра против Кротоне на гостински терен.
„Немојте да помислувате дека проблемите се од друга природа, ова се технички проблеми и моравме да ја одложиме за операцијата да биде целосно завршена“, додаде Фасоне.