Дома Фудбал Италија „Росонерите“ можат да воздивнат Монтоливо не е сериозно повреден – Еве кога се враќа!

„Росонерите“ можат да воздивнат Монтоливо не е сериозно повреден – Еве кога се враќа!

Проблеми за Виченцо Монтело, фудбалерот од средината на теренот, ја обнови повредата која сепак за среќа не е тешка како претходната.

Да потсетиме, за време на минатогодишниот квалификацисиски натпревар против Шпанија, Италијанецот заработи тешка повреда на лигаментите поради која беше надвор од терените шест месеци, но како што кажавме за среќа на „росонерите“, сега не се работи за повреда од сериозен карактер.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Монтоливо повредата на ја заработил на тренингот, а во прашање е бутниот мускул.

„Милан ги известува навивачите дека денес врз Монтоливо беа извршени лекарски прегледи и заклучено е дека фудбалерот има повреда на бутниот мускул. Играчот ќе биде под лекарски надзор во наредните неколку денови“, се наведува во соопштението од италијанскиот гигант.

Искусниот италијански фудбалер поради проблеми со повредите во новата сезона од Серија А настапи на само два натпревари, а се очекува тој да се врати во натпреварот против Сампдорија кој Милан го игра наредниот викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гвардиола е 100% сигурен дека Родри ќе блеска повторно

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е “100% сигурен” дека Родри ќе се в…