Големата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Кристиано Роналдо, кој утре ќе наполни 37 години, се уште не донел одлука дали ќе го одработи договорот со „црвените ѓаволи“ до крај.
Португалецот минатото лето се врати во Манчестер Јунајтед и потпиша двегодишен договор, но не е задоволен од резултатите и може да си замине на крајот на сезоната. Тоа ќе се случи сигурно доколку „црвените ѓаволи“ не обезбедат пласман во Лигата на шампиони.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„ЕСПН“ тврди дека Роналдо ќе ја донесе конечната одлука откако ќе дознае кој ќе биде тренер на тимот следната сезона. Меѓутоа, и новиот тренер исто така може да одлучи дека Португалецот нема да биде дел од тимот.
Минатото лето кога реши да го напушти Јувентус, Роналдо имаше повеќе опции, но реши да се врати на „Олд Трафорд“. Сепак, работите не се развиваат како што очекуваше, па Португалецот е разочаран и сака да си замине.