Кристиано Роналдо по повеќе од една деценија се врати во екипата на Манчестер јунајтед, и иако бележи добри партии, сепак тимот не бечжи добри резултати.
Роналдо е мета на критичарите, а тој во интервју за „Скај Спорт“ вели дека ќе им одговори со освојување на трофеи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Критиките не ме засегаат иако ти се добри, бидејќи штом те критикуваат, бидејќи знаат дека вредиш за таа екипа што настапуваш. И понатаму ќе освојувам трофеи и на хејтерите ќе им ги затворам устите. Имам 36 години, имам освоено се, но, и покрај тоа некои луѓе и тренери не ме сакаат и не се ни грижам до толку. Добро спијам навечер и немам проблеми со совеста“, изјави Роналдо.
„Тимот се наоѓа во транзиција, јас Санчо и Варан треба да се навикнеме на одлуките и тактиките на тренерот а кога ќе се случи тоа, сметам дека ќе играме на едно повисоко ниво“, додаде Португалецот.