Кристиано Роналдо ја освои „Златната топка“ која „Франс Фудбал“ му ја доделува на најдобриот играч во светот. Португалецот во 2016 година ја освои Лигата на шампионите со Реал и Европското првенство со Португалија.
Роналдо четврти пат во кариерата ја освои „Златната топка“, претходно оваа престижна награда ја освојуваше во 2008, 2013 и 2014 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналдо има една „Златна топка“ помалку од Лионел Меси. Овој тандем ја освои секоја „Златна топка“ од 2008 година досега.
На свечената церемонија во Париз, Роналдо не беше присутен, бидејќи со Реал замина за Јапонија каде ќе настапи на Светското клупско првенство. Наградата на Португалецот ќе му биде врачена на 19 декември.
„Ова за мене е голема чест да ја добијам четвртата Златна топка. Емоцијата е како првата, сонот се оствари повторно. Никогаш не помислував дека четири пати ќе ја добијам Златната топка. Јас сум задоволен и многу среќен. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи и мојата држава“, рече Роналдо.