Дома Фудбал Англија Роналдо „распали“ по Тен Хаг

Роналдо „распали“ по Тен Хаг

Кристиано Роналдо во декември 2022 година си замина од Манчестер Јунајтед, а една од главните причини беше несогласувањето со Ерик тен Хаг.

Португалецот не заборава, па денес отворено го нападна менаџерот на Манчестер Јунајтед.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Многу работи треба да се променат во Манчестер Јунајтед, но искрено ме разочара тренерот. Кога си тренер на клуб како Јунајтед, не можеш да излезеш пред новинарите и да кажеш дека не можеш да се бориш за пехарите во Премиер лигата и во Лигата на Шампионите“.

„Ова е Манчестер јунајтед, тим што секогаш се бори за трофеи, не смееш да се предадеш без борба. Мораш да си ментално силен, дури и доколку нема потенцијал, да кажеш дека ќе сторите се, ќе се борите на секој меч. Едноставно е, мора да се обидеш, никогаш не смееш да се предадеш без борба како што тоа го стори овој тренер“, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси ја покажа својата магија, но шоуто го украде Суарез (Видео)

Фудбалерите на Интер Мајами победија како домаќини Атланта Јунајтед со резултат 4:0, а нај…