Кристиано Роналдо не размислува да се одмора и веднаш почна со тренинзи само четири дена после елиминацијата на Мундијалот.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Роналдо утрово одржал тренинг и тоа во базата на Реал Мадрид во Валдебебас.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалецот побарал дозвола од „кралевите“ да работи на својата форма пред да одлучи за следниот клуб.
Роналдо е слободен играч во ноември го раскина договорот со Манчестер Јунајтед со меѓусебна спогодба.
Во медиумите се појави информација дека напаѓачот би можел да ја продолжи кариерата во клубот Ал-Наср од Саудиска Арабија.
Додека не најде нов клуб тој ќе тренира во базата на Реал Мадрид, каде што помина 9 години и има одлични односи со клубот.
🇵🇹 Cristiano Ronaldo's relationship with Real Madrid is very good. He feels at home at Valdebebas, when asked to train there privately, the club gave him permission without hesitating. @JorgeCPicon
— Madrid Xtra (@MadridXtra) December 14, 2022