Кристиано Роналдо побарал и раскин на договорот со Манчестер Јунајтед за што поскоро да најде нов клуб, пренесува „Дејли Мејл“.
Неговата желба е да игра во Лигата на шампионите, а во моментов тоа Јунајтед не може да му го обезбеди, па инсистира да го напушти клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во вторникот имаше средба меѓу Роналдо и шефовите на „црвените ѓаволи“, но се чини дека таа не завршила позитивно, а Португалецот побарал да го раскине договорот со Манчестер Јунајтед.
Менаџерот Жорге Мендеш го понуди Роналдо на неколку клубови, но никој од нив не е спремен да плати отштета за 37-годишниот фудбалер.
Поради тоа Роналдо сака да го раскине договорот и смета дека така полесно ќе си најде нов клуб.