Дома Фудбал Роналдо откако го купи Ваљадолид даде посебно ветување

Роналдо откако го купи Ваљадолид даде посебно ветување

Легендарниот бразилски фудбалер, Роналдо неодамна купи поголем дел од акциите на Реал Ваљадолид со што се врати во фудбалот.

Роналдо за многумина е еден од најдобрите играчи на сите времиња, а познато е дека кариерата мораше да ја заврши порано поради честите повреди и проблеми со здравјето. Сепак, тој сега се врати во фудбалот, а одлуката да го купи Ваљадолид ја воодушеви јавноста.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Бразилскиот волшебник по доаѓањето во овој клуб даде и едно посебно ветување. Тој порача дека максимално ќе се потруди да го реши проблемот со вишокот на килограми кој го има веќе со години.

„Не дојдов овде за да играм бидејќи едноставно не сум во форма. Ќе започнам да тренирам со момците од екипата и ќе се обидам да им помогнам колку што можам.
Секако, сето тоа ќе биде во договор со тренерот. Се радувам на новиот предизвик во кариерата“, порача Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Верувале или не: Џанфилипо Матераци е нов репрезентативец на Србија

Младиот офанзивец на римскиот Лацио, Џанфилипо Матераци, ја прифати поканата да игра за ре…