Дома Фудбал Италија Роналдо не се враќа во Торино, ќе биде во изолација во Мадеира

Роналдо не се враќа во Торино, ќе биде во изолација во Мадеира

Кристиано Роналдо нема да се врати во Торино и ќе остане во родната Мадеира во наредниот период.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Португалскиот фудбалер реши да остане дома затоа што не сака да го загрози неговото здравје, како и здравјето на неговото семејство.

Португалскиот напаѓач замина дома за да ја посети својата мајка по победата на Јувентус со 2:0 над Интер, а потоа беше објавено дека неговиот соиграч Даниеле Ругани е позитивен на коронавирус.

Сега целиот тим на Јувентус е во карантин, а Роналдо реши да остане во Мадеира во самоизолација.

„Кристиано не тренираше и останува во Мадеира чекајќи развој на настаните. Остануа да се види како ќе се одвиваат настаните, пред било што да преземеме за негово враќање во Торино“, потврдија од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Перез донесе најголема одлука во последните 10 години – заврши приказната со Мбапе

Килијан Мбапе нема да го напушти Реал Мадрид иако многу навивачи на кралскиот клуб сакаат …