Португалскиот фудбалер Кристиано Роналдо во летото кое е зад нас ја изненади спортската јавност со одлуката да го напушти Реал Мадрид и кариерата ја да продолжи во дресот на Јувентус.
Роналдо она што го најави во минатото финале од Лигата на шампионите го реализираше во текот на летото, а изборот кариерата да ја продолжи во Јувентус беше вистинско изненадување.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
На почетокот за доведување на Роналдо најголеми шанси му се даваше на Пари Сен Жермен бидејќи е познато дека овој клуб не штеди кога се таквите работи во прашање.
Меѓутоа шпанските медиуми, пренесуваат дека трансферот на Португалецот во редовите на клубот од „Паркот на принцовите“ пропаднал бидејќи тој не сакал да почитува еден услов кој го поставил францускиот клуб.
Имео, од ПСЖ порачале дека сакаат да го доведат Роналдо, но во последниот ден од преодниот рок. Наводно, на тој начин сакале да се обезбедат дека не би следел евентуален одговор од Реал, односно обид на „кралевите“ да доведат еден од Нејмар или Мбапе.
Меѓутоа, оваа одлука не му се допаднала на Роналдо кој на крајот заврши во Торино за сума од 100 милиони евра.