Дома Фудбал Италија Роналдо: Играм во најдобриот клуб во Италија, со најдобрите играчи

Роналдо: Играм во најдобриот клуб во Италија, со најдобрите играчи

Роналдо е среќен во Јувентус и не размислува за заминување.

Неодамна се појавија гласини дека Роналдо би можел да заврши во САД во клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Дејвид Бекам сака од својот Интер Мајами да направи клуб кој ќе се бори за титулата во МЛС лигата и поради тоа неговиот тим констатно се поврзува со големи имиња од европскиот фудбал.

Роналдо сепак, сега ја отфрли можноста во блиска иднина да го напушти Јувентус.

„Играм во најдобриот клуб во Италија со најдобрите играчи. Мило ми е што минатата сезона ја освоивме титулата, се надевам дека ќе успееме во тоа и оваа. Лично сум задоволен од позицијата во клубот. Дојдов во Јувентус да го покажам својот најдобар фудбал и не планирам да заминам“, изјави Роналдо.

Роналдо со Јувентус има договор до 2022 година, а сезонава на 31 натпревар постигна 25 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Првиот човек на УЕФА со моќна порака пред мечот меѓу Србија и Албанија

Александар Чеферин, претседателот на европската куќа на фудбалот (УЕФА), се осврна на прет…