Дома Топ вести Роналдо дефинитивно не патува со Јунајтед на летната турнеја

Роналдо дефинитивно не патува со Јунајтед на летната турнеја

Специјалистот за трансфери Фабрицио Романо објави дека Кристијано Роналдо нема да замине со Манчестер јунајтед во Бангкок за почеток на претсезонската турнеја.

Португалецот оваа недела не се појави на подготовките, а како причина ги наведе семејните проблеми. Манчестер јунајтед ја прифати оваа ситуација и му даде слободно време на Роналдо за да ги реши личните проблеми.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Менаџерот на Роналдо, Жорж Мендеш интензивно работи на пронаоѓање на нов клуб за Роналдо, кој сака да го напушти „Олд Трафорд“.

Јунајтед сака да го задржи Роналдо за следната сезона, но во клубот се свесни дека е разочаран и не можат многу да направат, смета Романо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…