Дома Фудбал Италија Роналдо го сруши интернетот: Неговото „Форца Јуве“ стана 5-ти најлајкуван пост на сите времиња!

Роналдо го сруши интернетот: Неговото „Форца Јуве“ стана 5-ти најлајкуван пост на сите времиња!

Португалската мега-ѕвезда Кристиано Роналдо предизвика вистинска еуфорија со трансферот во Јувентус, не само кај фановите на „старата дама“ туку и во целиот фудбалски свет.

Колкава е моќта на Роналдо посебно во дигиталниот свет најдобро покажува и податокот дека неговата објава на Инстаграм, „Форца Јуве“, која ја објави на 16 јули за помалку од два дена стана петти најлајкуван пост во историјата на оваа друштвена мрежа со 11,3 милиони лајкови.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


До крајот на денот објавата може да прескокне еден негов пост од ноември 2017 година, кога го објави раѓањето на неговата ќерка Алана Марија. Загрозен е и постот на Џастин Бибер на третото место, кој има 12,7 милиони лајкови.

Forza Juve! #FinoAllaFine

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Овој неверојатен податок уште еднаш покажува колкава е моќта на социјалните мрежи во модерното време и колку за клубовите е важен брендот на самите играши.

Имено, Роналдо на трите најпопуларни друштвени мрежи, Фејсбук, Инстаграм и Твитер заедно има повеќе од 331 милион следбеници, а Јувентус „само“ 54 милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неодамна беше сопственик на гигант, сега банкротира

Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 го…