Дома Фудбал Италија Роналдо го спаси Јувентус од пораз🎥

Роналдо го спаси Јувентус од пораз🎥

Актуелниот италијански шампион Јувентус имаше уште едно бледо издание против Торино и се спасуваше од пораз, па најверојатно се прости од Скудетото.

После шокантниот пораз од Беневенто, Јувентус вечерва покажа дека е далеку од најдобрата форма иако прв дојде во водство во градското дерби.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Киеза потврди дека е една од ретките светли точки кај „старата дама“ и постигна прекрасен гол во 13-та минута.

Потоа заигра Торино и веќе во 27-та минута Санабрија израмни на 1:1, резултат со кој се замина на одмор.

На стартот на вториот дел „биковите“ дојдоа во водство исто со гол на Санабрија, а во 81-та минута Роналдо го спаси Јувентус од пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Jувентус сака нов тандем – Влаховиќ и Левандовски!

Роберт Левандовски од лето ќе биде слободен играч, а можната негова нова дестинација би мо…