Дома Фудбал Италија Роналдо го прекршил протоколот, тврди министерот на Италија

Роналдо го прекршил протоколот, тврди министерот на Италија

Ѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо не ги запазил правилата на здравствените власти при враќањето во Торино, откако му беше дијагностициран коронаворус во Португалија.

Ова го потврди министерот за здравство на Италија, Винченцо Спадафора, откако вчера Роналдо изненадувачки се врати во Торино пред истекувањето на наложениот карантин во својата татковина.

„Дали Роналдо го прекрши протоколот? Да, мислам дека го прекршил, освен ако немал специјално решение од здравствените власти“, изјави Спадафора, кој не се изјасни дали Португалецот или неговиот клуб ќе бидат санкционирани.

Роналдо се врати во Италија бидејќи според новиот закон на Апенините карантинот трае само 10, а не 14 дена како претходно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…