Дома Фудбал Останато Роналдо го нападна организаторот на „Златната топка“: Го искористи моето име за да се промовира себеси!

Роналдо го нападна организаторот на „Златната топка“: Го искористи моето име за да се промовира себеси!

Аргентинецот Лионел Меси испиша нова историја и по седми пат беше избран за најдобар фудбале рна годината. Аргентинецот ја освои „Златната топка“ на манифестацијата која ја организираше „Франс Фудбал“.

Кристиано Роналдо за првпат во последните 11 години заврши надвор од топ 5, Португалецот беше шестопласиран. Роналдо не присуствуваше на церемонијата во Париз, а преку медиумите испрати порака до организаторот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Исходот денес ја објаснува изјавата на Паскал Фере минатата недела кога изјави дека мојата главна амбиција е да ја завршам кариерата со повеќе „Златни топки“ од Меси. Го искористи моето име да се промовира себеси и медиумите за кој работи. Неприфатливо е одговорниот за оваа награда да лаже на ваков начин, во апсолутно непочитување кон некој кој секогаш ги почитувал „Франс Фудбал“ и „Златната топка“. Денес повторно излажа оправдувајќи го моето отсуство од гала манифестацијата со наводен карантин кој не постои“, стои меѓу другото во пораката на Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …