Фудбалерите на Јувентус денес после подоброто изведување на пенали го победија Интер во пријателски меч во Кина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Роналдо постигна гол од слободен удар и така го анулираше водството на Интер, а после мечот имаше само пофални зборови за „нероаѕурите“ и нивниот тренер Антонио Конте.
„Големо е задоволството што сум во Кина. Навивачите беа фантастични и одличне не поддржуваа тимот и мене лично“, изјави Роналдо.
„Секогаш е одлично да се игра против Интер, бидејќи тие се едни од нашите најголеми ривали. Тоа е одличен тим со фантастичен тренер, па за нас беше одлично да играме припремен натпревар против таква екипа“, заклучи Португалецот.