Ова лето Кристиано Роналдо го изненади фудбалскиот свет со одлуката да го напушти Јувентус и да потпише за Јувентус.
Трансферот на Роналдо во Јувентус беше изненадување и за навивачите на овој клуб, но Португалецот порача дека добро размислил и дека се радува што ќе го носи дресот на „старата дама“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Роналдо во текот на вчерашниот ден имаше голем интервју за Јувентус ТВ.
„Пред се ова е навистина одличен клуб. Како дете го следев Јувен и сонував еден ден да бидам тука и ете сега тој сон стана реалност. Ќе играме за фантастичен клуб кој сигурно е еден од најголемите во светот и среќен сум поради тоа. Немам некој посебен момент кој беше одлучувачки да дојдам тука. Во текот на претходните сезони неколку пати играв против Јувентус и добив впечаток дека ме сакаат тука. Ова е најголемиот клуб во Италија и е еден од најголемите во светот и тоа за мене беше лесна одлука“, изјави Роналдо кој потоа зборуваше за моментот кога го совлада Буфон со „ножички“ и навивачите на Јувентус го испратија со аплаузи.
„Тоа беше неверојатен момент. На тоа помислувам секој ден бидејќи такво нешто не ми се случило во кариерата. Во Лигата на шампионите постигнуваш гол против Јувентус и тоа во четвртфиналето и целиот стадион ти аплаудира, тоа е нешто што не може да се опише. На почетокот се изненадив, но потоа уште повеќе ги засакав навивачите на овој клуб. Нема да кажам дека поради тоа дојдов во Јуве, но сигурно дека ми помогна кога одлучував“, изјави помеѓу другото Роналдо.