Дома Фудбал Репрезентации Роналдо вечерва влегува во „Клубот 200“, но никогаш нема да стане апсолутен рекордер

Роналдо вечерва влегува во „Клубот 200“, но никогаш нема да стане апсолутен рекордер

Aко заигра вечерва на гостувањето во квалификациите за Европското првенство против Исланд, Кристијано Роналдо ќе стане првиот фудбалер во историјата кој за националниот тим стигнал до 200 настапи.

Роналдо за Португалија дебитираше пред точно 20 години кога во натпреварот против Казахстан влезе на местото на Луис Фиго. Португалецот е на врвот во машка конкуренција по бројот на голови за репрезентацијата, ги постигна 122 и има 13 повеќе од легендарниот Израелец Али Даеи.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Но, ако е лидер во машка конкуренција, Роналдо никогаш нема да биде апсолутен рекордер. Дури 26 фудбалерки имаат повеќе од 200 настапи. На врвот е Кристин Лили која има 354 настапи во дресот на американската репрезентација од 1987 до 2010 година. Втора на листата Кристина Синклеир со 323 настапи за Канада.

Зад Роналдо на листата се: Рамос (180), Буфон (176), Касиљас (167) и Модриќ (167).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Винисиус го наруши молкот после дебаклот во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок по…