Легендарниот бразилски фудбалер изгледа ќе се врати од пензија и повторно ќе игра фудбал.
Според информациите на медиумите од Малта, фудбалскиот велемајстор ќе се врати на фудбалот и ќе го носи дресот на Биркира.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Преговорите се во тек. Роналдињо е спремен да се врати на фудбалот после цели четири години. Последен пат го носеше дресот на Фламиненсе во 2015 година.
Роналдињо важи за еден од најдобрите фудбалери кои некогаш се појавиле. Два пати избран за ФИФА играч на годината, а „Златната топка“ ја освои во 2005 година.
Во кариерата најдобрите настапи ги прикажуваше во дресот на Барселона, а во Европа го носеше дресот уште на Милан и ПСЖ.
Иако веќе има 39 години сигурно дека за клубот од Малта Роналдињо би бил големо засилувања.
Биркира зад себе има разочарувачка сезона во која овој клуб заврши на седмата позоција од 14 екипи во првенството и во наредната сезона сакаат повторно да го нападнат втвот на табелата.
Инаку, Биркира пред околу еден месец ја напушти македонскиот интернационалец, Кристијан Наумовски кој се пресели во Балзан исто така клуб од Малта.