Дома Фудбал Лига на шампиони „Ромелу Лукаку е сон на секој дефанзивец“

„Ромелу Лукаку е сон на секој дефанзивец“

„Ромелу Лукаку е сон на секој дефанзивец.“

Со овие зборови играта на белгијскиот фудбалер во натпреварот со Валенсија ја опиша легендарниот штопер на Јунајтед, Рио Фердинанд.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Критиките кон играчите на Црвените ѓаволи после овој натпревар се огромни, а Фердинанд тврди дека Лукаку е сон на секој дефанзивец.

„Кога топката се крене во средината на теренот тој само стои. Едноставно мора да скокне, па барем да отиде и во офсајд за да ги натера дефанзивците барем да размислуваат. Тој само стои и не се мрда, секој потег му се знае, и за еден дефанзивен фудбалер тоа е сон.“ – изјави Фердинанд.

На критиките за Лукаку се придружи и Пол Сколс.

„Лукаку е разочарување. Не се поместува и се чини како тренерот да треба да му зборва каде да оди. Имаше неколку ситуации во кои Погба му даде одлични топки и требаше само да трча. Тој не се помрднуваше.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Лампард направи хаос, фудбалери го бркаа на теренот (Видео)

Легендарниот англиски фудбалер денес тренер, Френк Лампард предизвика вистинска бура по не…