Италијанските медиуми пишуваа дека фудбалерите на Милан, после поразот во Торино од Јувентус, незадоволни од одлуките на судијата, ја демолирале соблекувалната на „старата дама“.
Низ италијанските медиуми кружеа информации дека поради незадоволството од одлуките на судиите, фудбалерите на Милан направиле штета во соблекувалната на стадионот во Торино, а дури имаше натписи дека биле и скршени витрините со трофеи на Јувентус.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, дефанзивецот на Милан, Алесио Ромањоли тврди категорично ги демантираше таквите медиумиски тврдења.
„Ништо од тоа што се зборуваше после натпреварот Јувентус – Милан не е точно. Никој не ги допре репликите од Скудетото на ѕидовите. Ние само се истуширавме, а потоа ја напуштивме соблекувалната“, порача стоперот на Милан.
Ромањоли потоа направи споредба помеѓу Буфон и Донарума.
„Буфон според мене е најдобриот голман на сите времиња. Донарума сега ја започнува кариерата и има квалитет да направи кариера како Џиџи. Иако е многу млад навистина е неверојатен и ни влева сигурност на нас дефанзивците“, изјави италијанскиот репрезентативец.