„Маркетинг“ тимот на „волчицата“ повторно доминира.
Во ноќта помеѓу вторник и среда ќе се сретнат екипите на Рома и Барселона во рамките од Интернационалниот Куп на шампиони во САД.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Самиот факт што силите ќе ги одмерат два клуба кои во последната сезона играа двомеч во Лигата на шампионите предизвикува големо внимание, а ситуацијата со Малком од неодамна само дополнително ќе ја подгрее атмосферата.
Веќе добро знаете, Бразилецот во последен момент се откажа од трансфер во Рим иако се беше договорен. Истиот ден се договори со Барселона со која многу брзо потоа потпиша и договор.
Од таборот на Рома тоа сигурно нема да му го простат, Манолас веќе изјави дека нема да се поздрави со него и дека „не знае“ кој е Малком.
Интересна идеја доби и маркетинг тимот на Рома кој на својот Твитер профил објави зборови кои кај нив се „мутирани“.
Секако, се е во врска со Малком.
Match day pic.twitter.com/VcxxnXcC1n
— AS Roma English (@ASRomaEN) July 31, 2018