Како што стојат работите Ролан Гарос многу веројатно ќе биде одложен.
Одложувањето на отвореното првенство на Франција го најави министерката за спорт на оваа земја, Роксана Марцинеан.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Спортот нема да биде приореитет во нашето друштво. Во разговор сме со Француската тениска федерација за да видиме дали ќе треба да се промени датумот на одигрување на Ролан Гарос. Иако спортот на високо во Франција засега е безбеден сакаме максимално да ги ограничиме ризиците од ширењето на вирусот во професионалниот спорт, а ситуацијата никако не е добра“, изјави Марцинеан.
Овогодинешниот Ролан Гарос е планирано да се одржи од 23. мај до 6. јуни, но ќе видиме сега дали ќе има промени.