Колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез вчера и официјално стана играч на Евертон.
Хамес после шест години одлучи да го напушти Реал Мадрид и многумина изненади со одлуката кариерата да ја продолжи во Евертон. За него интерес покажаа Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но одлучувачки беше повикот на Карло Анчелоти.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Евертон вчера официјално потврди дека Хамес е нивни играчи и потпиша договор на две години со опција истиот да се продолжи на уште една.
Реал Мадрид заработи 25 милиони евра. Ќе потсетиме тие за него за платија 75 милиони евра пред шест години.
Родригез изненади и што се реши да го носи дресот со број 19. „Десетката“ е веќе зафатена. За 19-ката се реши затоа што тоа е првиот број кој го носеше во професионалниот фудбал во тимот на колумбискиот Евигадо.
Todo número tiene su historia. @jamesdrodriguez
— Envigado Fútbol Club (@EnvigadoFC) September 8, 2020
Somos #CanteraDeHéroes ??? pic.twitter.com/Nke8KFyeK3