Дома Фудбал Германија Родригез заминува, но Салихамиџиќ го пронајде новото решение во Шпанија

Родригез заминува, но Салихамиџиќ го пронајде новото решение во Шпанија

Хамес Родригез нема да откупен од мадридски Реал следното лето.

Колумбиецот не е задоволен од односот на тренерот Нико Ковач спрема него, па веќе одлучи да се врати во Реал каде Кралевите ќе одлучат за неговата судбина.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сепак, спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ пронајде ново решение за оваа позиција. Баварците имаа интерес за 22-годишниот играч на Виљареал, Пабло Форналс и наводно ќе се обидат да го донесат наредното лето.

Форналс во договорот има откупна клазула од 26 милиони евра, а тоа за Баерн не претставува никаков проблем.

Овој 22-годишен фудбалер оваа сезона игра одлично во дресот на Жолтата подморница. Одигра вкупно 24 натпревари и запиша три гола и три асистенции.

Претходно Форналс го носеше дресот на Малага за кој клуб дебитираше во 2015. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…