Србија сеуште не избрала нов селектор, па така ова прашање сеуште е актуелно.
Со селекторското место на клупата на Србија се поврзуваа навистина големи имиња, а последен во низата беше Роберто Карлос кој потврди дека доколку добие понуда да ја предводи Србија истата ќе ја прифати.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Србија навистина има одлични фудбалери и на секого би му задоволство да ги тенира. Секој кој сака фудбал би требало да ја следи Србија, а јас ја следам и вашата национална лига. Знам многу фудбалери и ми се допаѓа стилот на игра кој го форсира оваа репрезентација“, изјави Карлос.
„Сеуште не зборувам српски, но ќе научам. Познавам многу земји, Бразил, Шпанија, Русија, Турција, Италија… но тука културата е поинаква и луѓето одлично се однесуваат кон мене. Навистина уживам тука“, додаде легендарниот бек на Реал Мадрид.