Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман повторно се поврзува со трансфер.
Гризман константно се поврзува со Барселона, а француското радио „РМЦ“ вчеравечер објави информација дека неговиот трансфер на „Ноу Камп“ е завршена работа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„РМЦ“ тврди дека се е договорено и дека Гризман ова лето ќе стане нов напаѓач на каталонскиот гигант и секако ќе биде еден од најголемите трансфери во летниот преоден рок.
Иако во 2018 година го продолжи договорот со „јорганџиите“, „РМЦ“ наведува дека неуспехот во Лигата на шампионите и испаѓањето од Јувентус влијаеле на напаѓачот кој се одлучил на нов чекор во кариерата.
Во Барселона наводно ќе ја искористат ситуацијата што од 1-ви јули неговата клазула во договорот од 200 ќе падне на 120 милиони евра.
Оваа вест на „РМЦ“ доаѓа само неколку дена после изјавата на Барселона за интересот на Барселона.
„Веќе се навикнав на тоа, но уморен сум од целата таа ситуација“, отворено порача Гризман.
Сепак и покрај оваа изјава ако им веруваме на Французите Гризман после пет години се одлучил на заминување и трансфер во големиот ривал на неговиот сегашен клуб Атлетико Мадрид.
Гризман оваа сезона во шпанското првенство на 28 натпревари постигна 12 голови и додаде шест асистенции, додека во Лигата на шампионите на осум одиграни натпревари четири пати се запиша во листата на стрелци.